Можеме ли да се заразиме преку храната и амбалажата во продавница: Еве колку е ризично купувањето!

Можеме ли да се заразиме со корона вирус додека купуваме прехранбени производи? Оваа загриженост исто така ја придружува пандемијата КОВИД-19 и особено се однесува на оние кои мораат да набавуваат храна за време на паузите од самоизолацијата.
И’ покрај препораките на надлежните органи и експерти дека нема потреба од складирање за време на пандемијата со корона вирусот, сведоци сме на празнење на рафтовите во продавниците во многу земји погодени од КОВИД-19.
„Купувачите во супермаркети избираат јаболка или домати и треба да бидат свесни дека дома носат храна на чија површина со стотици микроби од прститешто ја допирале“, рекол Џеф Нилкен, експерт за безбедност на храна во Лос Ангелес, за Хафингтон пост.
Нилкен додава дека ризикот може да се минимизира доколку се преземат одредени чекори. Првата е овошјето и зеленчукот да се допираат со пластично кесе.
“Завлечете ја раката во торбата и изберете, на пример, салата, потоа ставете ја во друга торба и врзете ја. На овој начин, вие нема да ги допрете производите што некој друг ќе ги купи, и ако сите се придржуваат кон овој совет, ширењето на бактерии би бил далеку помал“, изјавил американскиот стручњак.


Дезинфицирајте ја корпата
Покрај претпазливост со контакт со храна, постои и претпазливост со корпата за купување.
Дезинфицирајте ја рачката на корпата, велат некои експерти
“Користете средство за дезинфекција или крпа натопена во средства за дезинфекција за да ги избришете еачките на корпите. Секогаш е добро да имате средства за дезинфекција во овие ситуации за да можете да ги исчистите рацете по купувањето”, советува Нилкен.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Банана крем колач: Брз летен десерт без печење!

Ќе уживате во феноменалниот вкус Состојки: 500 мл млеко, 1 кесичка пудинг од ванила, 80 …