(ФОТО) Одлични вести: Вухан, каде што се’ започнало, го отворил метрото

Со работа продолжи метрото, кое патниците започнаа да го користат утрово по 65-дневна пауза предизвикана од пандемија на коронавирус која се шири на поголемиот дел од планетата.
Кинескиот град Вухан, кој беше епицентарот на коронавирусот, ја укина двомесечната блокада на градот и го отвори метро. Russia Today пишува дека 11. милиони граѓани се слободни да се движат повторно откако минале два месеци во карантин.


600.000 заразени ширум светот
Возовите повторно нормално возат во градот, а животот се враќа во нормала.
Со работа продолжи метрото, кое патниците започнаа да го користат утрово по 65-дневна пауза предизвикана од пандемија на коронавирус која се шири на поголемиот дел од планетата. Бројот на заразени ширум светот е близу 600.000.

Денес се отворени 184 метро станици и секоја е опремена со термални скенери. Како и да е, населението сепак треба да ја почитува социјалната дистанца.


Само во Вухан, повеќе од 50.000 луѓе биле заразени со коронавирус, но најлошото се чини дека поминало. Скоро и дека нема нови инфекции и во Кина не се забележани случаи во петокот. Новите 54 случаи на инфекција се оние кои потекнуваат од странство.
И покрај ветувачките чекори, некои ограничувања на патувањето сè уште се во сила до 8. април, кога патниците ќе можат да патуваат од Вухан. Исто така, ова се однесува на возови и авиони.


Автобуси во функција
Автобусите веќе возат низ улиците на главниот град на провинцијата Хубеи каде се вратени во функција 117. линии.
Оние што сакаат да влезат во градот, мора да покажат зелен код на апликацијата што докажува дека не биле заразени и немале контакт со заразени пациенти.


Оние што ќе изберат да патуваат од Вухан по 8 .април, ќе треба да го следат истото правило. Според најновите бројки, во Кина биле заразени 81.394 лица, а 3.295 лица починале.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …