Починал 14. годишен фудбалер на Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид објавил тажна вест со која го потресол Мадрид но и Шпанија. Починал Киристиано Минчола, 14. годишен фудбалер на мадридскиот клуб.
Службена потврда за причините на смртта сеуште нема, но на социјалните мрежи на мадридскиот клуб се е полно со коментари на навивачите кои се плашат дека причина за смртта бил корона вирусот.
Секако, станува збор само за паника која е присутна меѓу граѓаните на Шпанија па тие коментари треба да се земат со резерва додека причините за смртта не бидат и службено објавени.
Знамиња на половина копје
Мадридскиот клуб соопштил дека момчето родено на 19. февруари 2006. година денес ја загубило битката за живот. Атлетико не ги открил причините за смртта на младиот Кристиано кој е член на академијата на нивниот клуб уште од 2013. година.
„Шокирани сме поради тажната вест и жалиме поради губитокот на нашиот член. Атлетико Мадрид ќе биде подршка на семејството на Кристиано и неговите пријатели во овие тешки моменти“, рекол рпетедателот на клубот, Енрике Серезо.
Во Атлетико после смртта на својот член сите знамиња ги спуштиле на половина копје во знак на почитување кон него но и сите други луѓе кои починале од коронавирус.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) КАНАЛ 5 СО УБАВА ВЕСТ: 20-годишно момче излекувано од воспаление на мозокот предизвикано од Ковид-19

Покрај лошите вести кои денеска ги добивме, една секако внесе малку светлина во мрачниот тунел …