НБА – Сопственикот на ЛА Клиперс „дебело“ ги надминал сите досегашни донации во борбата со корона вирусот

Сопственикот на ЛА Клиперс и извршен директор на Микрософт, Стив Балмер донирал 25. милиони долари за борбата против корона вирусот.

Парите ќе се распределат за помош на заедниците во Сиетл, Лос Ангелес и Мичиген, а 10. милиони се наменети за истражување на Универзитетот Вашингтон каде се работи на вакцина за КОВИД -1 9, јавува ЕСПН.
Зошто токму во тие три града: Пораснал во Детроит во Мичиген, се збогатил во Сиетл, каде што е седиштето на Микрософт, а сега живее во Лос Ангелес.
Балмер порано веќе донирал милион долари на заедниците и на ЛА и три милиони за отворање на фондација во Сиетл, но не се наведува дали тие донации се вклучени во оние 25. милиони.
За супербогатиот Балмер, 25. милиони не претставува повеќе од еднодневен џепарлак бидејќи Форбс неговото богатство го проценило на 57,3 милијарди долари, но донацијата е секако за пофалба во однос на сопствениците на другите професионални американски клубови, како Џошуа Харис, Џереми Џејкобс или Тилман Фертита, сите тројца вовеле „штедливи мерки“ во клубовите.

loading...


Од друга страна Балмер ниту во овие времиња не мисли на штедење. Напротив, пред неколку дена објавил дека ја купува старата сала на Лејкерси, легендарниот Форум, како и околното земјиште на кое ќе изгради нова сала за своите Клиперси, за да повеќе не мораат да бидат кираџии со Лејкерси во Степлес центарот. За сопственост на салата и земјиштето исплатил 400. милиони долари – во кеш.
МНногу сопственици на клубовите и самите играчи помогнале во борбата против корона вирусот во САД која веќе има повеќе од 104.000 заболени, но донацијата на Балмер „дебели“ ги надминала.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) НЕОБИЧНА СЦЕНА – Ги загуби нервите: Ѓоковиќ му го фрли рекетот на Иванишевиќ на трибините на сред меч – но и подари еден на дете со интересен транспарент

Новак имаше потешкотии, неколку пати го менуваше рекетот, а проблем беа жиците. Новак Ѓоковиќ денес …