(ВИДЕО) МЕЃУ НАЈГЛЕДАНИТЕ СОДРЖИНИ – „Pandemic“: Документарец на Нетфликс кој ја опишува пандемијата

Серијалот на гледачите им нуди корисни совети
Меѓу најгледаната содржина на Нетфликс деновиве е документарната серија „Pandemic: How to Prevent an Outbreak“ (Пандемија: Како да се спречи појава на избувнувањето). Оваа серија не е едно од најпродуктивните достигнувања на американскиот сервис за стриминг, но го привлекува вниманието на публиката заради релевантноста на темата и тековната состојба во светот.
Нетфликс ја емитуваше оваа серија скоро во исто време кога Светската здравствена организација официјално го потврди појавувањето на коронавирус во Вухан, за кој се вели дека,на тамошниот пазар, преминал од животно на пазарот на човек.

Преклопувањето на објавувањето на серијалот со пандемијата на коронавирус придонела за ширење на теории на заговор што веќе постојат.
„Pandemic“ на своите гледачи им нуди корисни совети, информации и увид за тоа како да се справат со пандемијата од друга, научна страна. Документарецот ја испитува (не)подготвеноста на човештвото за нова пандемија и нè запознава со цела низа научници и експерти кои се борат со вируси и се обидуваат да најдат ефикасна вакцина. Оваа високо информативна документарна серија ќе ве однесе на патување од Виетнам, каде ќе имате можност да ги видите различните болнички искуства на свински грип, сè до Орегон, каде, општо ,се одржуваат протести за вакцинирање.
„Pandemic: How to Prevent an Outbreak“ е продуцирана од Zero Point Zero Productions, која работела на гастро-документарен проект на Ентони Бурдејн.

Екран.мк

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Белгискиот нобеловец категорично тврди: Кога вака постите, телото може да се избори со рак и деменција!

На вас е што јадете и кога јадете, но научните истражувања велат дека е подобро …