Швајцарскиот тениски ас Роџер Федерер им се придружил на други познати спортисти во помагање на оние кои се изложени на ризик од корона вирус, па тој и неговата сопруга Мирка донирале еден милион швајцарски франци на најранливите семејства во земјата.
„Овие се времиња исполнети со многу предизвици и на никој не смее да му биде ускратена помош. Мирка и јас донесовме одлука да донираме еден милион франци на најзагрозените семејства во Швајцарија“, рекол Федерер во пораката објавена на социјалната мрежа Твитер.
— Roger Federer (@rogerfederer) March 25, 2020
Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси и тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, донираа по 1 милион евра за да им помогнат на клиниките и медицинските центри во борбата против вирусот.
Напаѓачот на Јувентус, Кристиано Роналдо и неговиот агент Хорхе Мендеш, исто така, донираа опрема потребна во болниците во Португалија.
Во светски рамки, повеќе од 558.700 луѓе се заразени со вирусот на корона, а 25.355 починале.
Во Швајцарија биле заразени скоро 12.310 лица, а 207 лица починале.
Тениската сезона е прекината поради пандемија до 7 јуни.
Г.О.