(ВИДЕО) ТВ БИХ – Исповед на медицинска сестра за состојбата во Шпанија:„Не смеете да дозволите ова и ВАМ да ви се случи!“

Азра Добојлиќ, медицинска сестра, беше гостинка во утринската програмана РТВ Босна и Херцеговина…
Азра со семејството живее во Палма де Мајорка и низ солзи зборува за состојбата во Шпанија…
Со треперлив глас медицинската сестра која е на повик, чека да ја повикаат на работа, вели дека состојбата во Шпанија е катастрофална. Тоа го знае од медиумите но и телефонските разговори со колегите и колешките од болница…
Азра вели дека болниците се преполни, немаат повеќе капацитети, нема ниту опрема за медицинскиот персонал. Многу медицински сестри наместо специјален костум на себе ставаат црни вреќи за ѓубре бидејќи едноставно нема опрема.

Она што Азра го потенцира е дека секој ден, како што известуваат и медиумите, во Шпанија има од 400. до 600. починати кои бидејќи се заразени со корона вирусот мораат да бидат запалени. Со оглед на тоа дека крематориумот не може да постигне да запали толку многу лешеви едно лизгалиште било претворено во мртовечница каде починатите во ковчези го чекаат редот за „уништување“…Понатаму Азра, мајка на две деца и сопруга, потенцира дека владата во Шпанија задоцнила две недели со воведување на мерките за заштита и дека поради тоа во земјата ситуацијата е драматична…


Азра низ солзи зборува за неа и нејзиното семјество од моментот кога ќе биде повикана назад на работа…
„Од моментот кога ќе ми се јават тоа е крај за мојот живот со семејството, децата и сопругот. Ќе се поздравам со нив, ќе ги бакнам и гушнам децата, бидејќи не се знае кога повторно ќе се видиме. Сите кои имаат семејства а се на работа спијат на други места – претпоставувам дека и јас ќе бидам во некој од хотелите бидејќи не смеам да имам никаков контакт со нив за да не ги заразам…“, низ солзи вели Азра.
Босанката на крај испрати драматичен апел до сите луѓе:„Не смеете да дозволите и вам ова да ви се случи“.
Впрочем, слушнете го нејзиниот разговор за утринската програма на ТВ БИХ:

ŠPANIJA ŽARIŠTE ZARAZE

Bosanka iz Španije poslala dramatičan apel:"Ne smijete dozvoliti da vam se ovo dogodi".

Gepostet von Jutro za sve am Mittwoch, 25. März 2020

Г.О.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Фасцинантни призори: Кога ќе се здружи јато птици настанува чиста магија!

Комбинација на вистинско место во вистинско време, но и камера која токму тогаш „шкљоцнала“, дава …