(ФОТО) АМЕРИКА НА КОЛЕНА: Њујорк препуштен на милост и немилост на КОРОНА ВИРУСОТ: Медицинските сестри носат црни ќеси за ѓубре!

Колкав е недостатокот на медицинска опрема во САД е илустриран и со фотографијата објавена на Твитер на која медицинските сестри во познатата болница во Њујорк, „Маунт Синај“ позираат за вреќи со ѓубре!
Во постот се вели дека „штотуку од корона вирус починал шефот на медицинските сестри“ и дека медицинските сестри немаат доволно заштитна опрема.
„Нема повеќе мантили во целата болница, нема повеќе маски, тоа што е предвидено не е доволно за да се покрие таква криза“, стои во описот на фотографијата подолу, во која се повикуваат луѓето да донираат опрема.
Во меѓувреме, вработените во болницата обвиниле дека немало средства за лекување на еден од нивните менаџери, кој бил примен во болницата на 17. март затоа што бил заразен со корона вирус, а починал во вторникот вечерта.
„Тој не го заслужи тоа. Тој беше подготвен да им помогне на сите во оваа борба. Болницата треба да биде одговорна, болницата го уби“, рекла една медицинска сестра.


Неговата сестра Марија изјавила дека Кели бил здрав, но дека имал астма, како и дека сите верувале дека ќе се извлече, но тоа не се случило. Таа истакнала дека е сигурна дека нејзиниот брат се заразил во болницата.
Медицинските сестри ги опишале проблемите со залихите кои тареле околу една година и сега дошле до тој степен сами да се снаоѓаат.
„Но, кога пациентите со корона вирус почнаа да пристигнуваат, работите станаа критични“, рекла таа.
Според „Њујорк пост“, медицинските сестри биле прво присилени да ја користат истата опрема со заразени и неинфицирани пациенти во болницата, а кога таа целосно исчезнала, тие морале да носат вреќи со ѓубре за да го запрат ширењето на инфекцијата. Медицинските сестри исто така рекле дека разни предмети, како што се маски, марамчиња и средства за чистење на рацете, почнале да исчезнуваат преку ноќ.
Од друга страна, портпарол на болницата ги негирал тврдењата дека немаат соодветна опрема.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Рики Мартин објавил ретки фотографии од петмесечниот син:„Бебе на куќата!“

Пејачот Рики Мартин и неговиот сопруг Жван Јосеф во октомври минатата година добиле уште едно …