Денеска е Пренос на моштите на свети Никифор, патријарх Цариградски

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 март.

Свети Никифор, патријарх Цариградски
Управуваше мудро и ревносно со Светата Црква како најголем цариградски архипастир. Кога Лав Ерменин стана против иконите, тој му се спротивстави на царот и прво го советуваше, но потоа го разобличи. Заради ова нечестивиот цар го протера на островот Проконис. На тој остров имаше манастир којшто самиот Никифор го беше изградил во чест на свети Теодор. Таму овој исповедник на православната вера помина тринаесет години, а потоа се упокои во Господ во 827 година. Откако изгинаа сите цареви иконоборци и на царскиот престол седна Михаил со мајка му Теодора, а на патријаршискиот беше вратен патријархот Методиј, тогаш (846 година) моштите на свети Никифор ги пренесоа од Проконис во Цариград и прво ги положија во црквата Света Софија од која беше прогонет за време на животот, а потоа во црквата на светите апостоли. Главното празнување на овој јерарх е на 2 јуни, а на 13 март се празнува откривањето и преносот на неговите нетлени мошти. Свети Никифор е прогонет од Цариград на 13 март, а по деветнаесет години на истиот датум во престолнината ги донесоа неговите свети мошти.

Светата маченичка Христина Персијанка
Беше луто мачена во Персија, во 6 век, за непоколебливото исповедање на верата во Христа. Мачителите толку ја камшикуваа што изнемоште и умре. Нејзината душа влезе во Царството на Господ Христос.

Светиот свештеномаченик Публиј
Му беше преемник во епископството на славниот Дионисиј Ареопагит, во Атина. Како епископ мачен од неверниците и убиен во 2 век.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Луѓе ширум светот умираат секој ден – Потресна исповед на медицинска сестра: „Кога некој ќе умре од корона најлош звук е….Ве молам слушајте ги лекарите и сфатете го ова сериозно!“

Никогаш не сум видел вакво нешто, никогаш не сум морала да се грижам за некој …