(ВИДЕО) Снимките на тригодишните близнаци во карантин го освоиле светот: „Микроорганизми одете си, одете си!“

Тригодишните близнаци од Алабама се ѕвезди на снимките кои се објавени на TikTok и кои брзо ги освоила следбениците на нивната мајка. Во видеата, откако мајка им ги испратила во кревет, говорат за моменталната состојба во светот. Но, станале од креветите и седнале на подот при што ги размениле своите впечатоци,пишува Fox News.
„Ние сме во карантин“, вели на почетокот на снимката едно од момчињата додека седи на подот на собата која ја дели со својот брат, откако заклучува дека микроорганизмите би требало да си заминат бидејќи е пролет и повеќе не е зима.

@megan.elizabeth.x3The 2 funniest people I know! They usually talk about what happened that day while I put the baby to sleep ##quarantine ##pillowfight ##humor ##brothers

♬ original sound – megan.elizabeth.x3

Набргу, другиот извикнува:„Микроорганизми одете си“. Во тоа му се придружува и братот за да конечно почнат да удираат со перниците по собата велејќи им на микроорганизмите да си заминат и говорејќи дека „ги средиле со своите перници“.

@megan.elizabeth.x3How we are passing the time ##wecanfly ##stayinside ##thetwins ##boyswillbeboys

♬ original sound – megan.elizabeth.x3

Нивната борба со перници траела извесно време а сето тоа го забележала и надзорната камера која нивната мајка Меган Санчез ја поставила во аголот на собата за да ги држи на око.
Таа вели дека на близнаците никогаш не им недостасуваат теми за разговор пред спиење.
„Уживам слушајќи ги преслатките работи кои ги зборуваат“, вели таа.
Снимката која ја објавила на споменатата мрежа ја погледнале повеќе од 126.000 луѓе, добиле скоро 38.000 лајкови, а дури 365 корисници имале потреба да остават коментар на видеото кое можете да го погледнете.

@megan.elizabeth.x3On this episode of midnight musings: flashlight fun ##toddlertalk ##raisingarrows ##stayathome ##shadowpuppets

♬ original sound – megan.elizabeth.x3

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денот кога сте родени открива важни детали за вашата личност

Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …