(ВИДЕО+ФОТО) ОТРЕЗНУВАЧКИ ПОРАКИ НА ХРВАТИ ОД ШПАНИЈА: „Состојбата е исклучително тешка, луѓе, држете се, останете дома!“

Празна Ла Рамбла која инаку е преполна со жители на Барселона и туристи
„Властите направија сè како што треба, овде, но задоцнија две недели. Како и Италија, како и Франција а веројатно и Хрватска. Сите мислевме дека нема да биде ништо, дека тоа е само обична настинка. Секој од нас треба и мора да помогне. Придржувајтес е до упатствата и останете дома. Колку побрзо послушаме, толку пократко ќе потрае. Се надевам”, заклучува Мирта.

„Луѓе, придржувајте се кон мерките“
Маја Јакиќ и Томи Салварица за 24sata.hr се јавиле од Мадрид. Маја работи како новинарка во Мадрид, и вели дека прогнозите се дека дури 80 проценти од граѓаните на градот ќе бидат заразени. Мадрид е епицентарот на заразата во Шпанија. Скоро половина од заразените се во тој град.
„Градот е потполно непрепознатлив. Социјалниот контакт е ограничен. Тешко е да се истрае сето тоа ментално. Светла страна е солидарноста што се роди“, вели Маја.


Томи живее во Торејон Де Ардоз, каде што започнала и епидемијата на корона вирусот во Мадрид. Тој работи на аеродромот во Барајас.
“За да одам на работа, ми треба т.н.salvo condukto. Тоа е сертификат дека една компанија ви дава да работите активно и вие треба да го носите со себе, ако ве фатат на улица. Полицијата пишува казни и ги враќа луѓето дома. Но, ако шетате куче, морате да одите сами и не смеете да се дружите со другите ‘шетачи’“, вели Томи и додава дека најголем проблем е што болниците се преполни.

Томи на работа мора да користи заштитна опрема, но мора сам да ја набави
“Мојата пријателка е доктор. Болниците се преполни, преполни со болни луѓе. Нема кревети. На Ифема, што е како саем, ставија 5.500 кревети, од хотелите прават болници. На паркинзите кренаа бункери со кревети Се плашам за работтаа и за здравјето. На аеродромите 90% од луѓето се без работа. Јас купив стан пред еден месец и не ми е сеедно. Тие им даваат на луѓето привремено отказ додека не заврши епидемијата а потоа ќе ве вратат на работа, но вие добивате 70% од вашата плата”, објаснува Томи.
Вели дека, како и другите, тој бил на мислење дека коронавирусот е обичен грип и дека сите претеруваат.
“Кога дојде реалната состојба, не ми беше повеќе сеедно. Имам двајца пријатели кои се разболеа. Еден лекар кој се лекува во болницата и една колешка од аеродромот која е на куќна нега. Секој треба да се чуваат и да останат дома. Ова е повеќе не е шега“, заклучува Томи.

Ekran.mk/24sata.hr

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТАЈНА ЗА СРЕЌЕН БРАК – НА ДЕНОТ НА ВЕНЧАВКАТА МИ ГО КАЖА ОВА И МНОГУ И БЛАГОДАРАМ: За 30. години брак не сум имала ниту еден проблем ниту со мажот ниту со децата!

Сопругот е прекрасен, а децата се образовани и успешни Ако вашиот семеен живот ПУКА ПО …