“Awakening Consciousness ” од Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ сега достапна и на Амазон

Книгата и официјално се продава на најпозната платформа во светот за купување онлајн – Амазон

Англиската верзија на една од најпопуларните и најпродаваните книги кај нас за минатата година „Будење на свеста“ од Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ, отсега може да се купи и преку најпознатата и најголема онлајн платформа за пазарување Amazon.com. По успешната промоција на европскиот пазар и веќе достапноста во 160 милионскиот пазар, од вчера „Awakening Consciousness“ стана официјално достапна на Амазон со што и официјално целосно го освојува глобалниот пазар.

“Среќни сме што нашата книга, со полн наслов: Awakening Consciousness: A Complete Guide for Personal and Collective Transformation, отсега е достапна на најголемата онлајн платформа во светот за пазарување – Amazon. Книгата веќе се продава во Америка, Канада, Велика Британија, Германија, Франција, Јапонија, Мексико и Шпанија, како и на останатите пазари каде што Амазон е присутен. Книгата може да се нарача во две верзии: електронски како “eBook” во Kindle формат, и тоа по одлична достапна цена и идеална за период кога седиме дома, но истата може да се порача и во нормалната мека корица или т.н. “Paperback” верзија. Цената за Kindle верзијата е 7.99 УСД, а штампаната верзија изнесува 13.90 УСД. Исклучиво сме горди што имаме одличен македонски производ достапен на глобалниот пазар и што имаме можност нашето искуство да го промовираме во светот. ” – изјавија Катерина Ангеловска и Радован Витошевиќ.

Книгата „Awakening Consciousness“ е издадена од издавачката куќа Паблишер и за прв пат беше промовирана на  71 Саем на книгата во Франкфурт, кој се одржа минатата година од 16 до 20 октомври. Книгата која претставува комплетен водич за лична и колективна преобрза побуди голем интерес пред македонската јавност. Будење на свеста е вистинска авантура  испреплетена со универзални знаења кои ќе ви овозможат да се спознаете себеси вистински, да се разбудите и свесно да креирате. Секој збор, секоја мисла во оваа книга е како нуркање во најдлабоките, најмагичните и најисцелувачките ритуали на постоењето. Македонската верзија на книгата неодамна го доби своето 3 издание.

#будењенасвеста #awakeningconsciousness #читајдома #седидома

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Излезе нов број од списанието „МАКЕДОНИКА“

Во најновото издание на списанието „Македоника“, двобројот 23-24, што го издава Друштвото за издавачка дејност …