СОВЕТИ НА СТРУЧЊАЦИ ЗА БОРБА СО КОРОНА ВИРУСОТ: Имунитетот најдобро се јакне со овие 3. витамини!

Во овој период, правилната селекција на храна е од најголемо значење
Силниот имунитет е важен во борбата против корона вирусот. Само силен организам може да и се спротивстави на оваа болест која не бира кого го напаѓа. Правилниот избор на храна е многу важен, а особено е важно да се внесат овие 3. витамини.
Доколку вашата исхрана ја збогатете со нив, нема причини за страв. Еве за кои витамини станува збор, ајде да почнеме со ред:
Витамин Ц


Досега многупати сме слушнале дека витаминот Ц е важен за нас, и тоа со вистинска причина. Овој витамин е најголемиот двигател на имунолошкиот систем и заштитник на телото. Ако го внесете во доволни количини, вашето тело ќе ви биде благодарно.
Најмногу може да го најдете во овие намирници: портокал, грејпфрут, мандарини, пиперки, спанаќ, кељ и брокула.
Витамин Б6


Витаминот Б6 е важен за поддршка на биохемиски реакции во имунолошкиот систем. Храната богата со витамин Б6 вклучува пилешко, мисирка, туна, млеко, сирење, грав, спанаќ, моркови, семки од сончоглед, интегрални производи. Витаминот Б6 го има и во зелениот зеленчук и леблебијата.
Витамин Е
Витаминот Е е моќен антиоксиданс кој му помага на телото да се бори против инфекции, со доволен внес ќе го зајакнете вашиот имунитет до максимум. Храната богата со витамин Е вклучува ореви, семиња и спанаќ.


Најдобро би било да му обезбедите на организмот доволно од овие витамини преку храна, но доколку не го направите, и додатоците ќе ви бидат од корист.
Настрана од ова, вие се стремите да останете физички активни. И 15 минути активност, дневно, ќе бидат доволни, велат лекарите.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Омилена „грицкалка“ за оние кои постат: Солени галети со семки!

Одлична грицкалка со пиво додека гледате филм или правите нешто друго во изолација… Состојки: 200 …