НЕ МОЖЕ ДА ШТЕТИ: Задолжителен напиток за време на пандемијата: ЛИМОНАДА И ЦИНК – ЕВЕ ЗОШТО!

Кој се чува и Бог го чува…
Ако имате симптоми на корона вирусот, или едноставно ве гребе грлото поради алергии или обичен грип, стручен совет е да внесете што е можно повеќе течности во вашето тело. Течноста ќе спречи дехидрација на телото, што може да предизвика сериозни здравствени последици.
Затоа, се препорачува постојано да пиете нпо малку течност како што е вода, млак чај, чај со мед, кафе, лимонада, супи, итн.

Зошто лимонада?
Свежата лимонада е полна со витамин Ц, а токму овој витамин успешно се бори против сите видови вируси, вклучувајќи ги и коронавирусите. Се препорачува да пиете лимонада цел ден, но не и ладна. Можете да ја засладите со домашен мед, а за да го подобрите вкусот, слободно додадете и цимет.
Цимет и лимонада успешно го зголемуваат имунитетот.

Зошто цинк?
Недостаток на цинк може да предизвика голем број физиолошки промени и проблеми. Некои студии покажаа дека земањето цинк во исхраната може да ја намали смртноста кај децата кои имаат акутна инфекција на долниот респираторен систем.
Храната богата со цинк помага во одржувањето на структурата на мозокот и целокупното здравје на нервниот систем. Овој минерал е од суштинско значење за создавање резерви на инсулин и засилување на неговата функција. Комплексот на цинк и инсулин се наоѓа во клетките на панкреасот и кога телото нема доволно од тој елемент, постои можност за дијабетес. Забележано е дека дијабетичарите имаат двојно помало количество цинк од нормалното.
За разлика од некои супстанции, телото не може да го складира цинкот, што значи дека е потребно дневно внесување цинк преку храна. Човечкото тело содржи околу 2-3 грама цинк. Препорачаната дневна доза за жени е 8 mg на ден. Кај бремените жени, овој број се зголемува на 11 мг, а кај доилки до 12 мг. Внесувањето цинк во бременоста ќе има позитивен ефект врз здравјето на мозокот на бебето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Омилена „грицкалка“ за оние кои постат: Солени галети со семки!

Одлична грицкалка со пиво додека гледате филм или правите нешто друго во изолација… Состојки: 200 …