Меси и Гвардиола донирале по 1. милион евра за борба против корона вирусот

Најдобриот фудбалер на светот и напаѓач на Барселона, Аргентинецот Лео Меси донирал еден милион евра за борба против коронавирусот.
Донацијата на аргентинскиот репрезентативец ќе биде поделена помеѓшу Клиничката болница во Барселона и еден медицински центар во неговата земја.
„Лео Меси даде донација за клиниката за борба против коронавирусот“, напишале од Клиничката болница во Барселона на Твитер и порачале:„Благодариме многу Лео на предаденоста и подршката“.


Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, одлучил да донира милион евра на Шпанија за да се набави медицинска опрема и на тој начин да им се помогне на граѓаните за време на пандемијата со корона вирусот.
Тој парите ги уплатил на една каталонска организација која ќе купи респиратори, заштитна опрема како маски, очила, ракавици. Додека кон акцијата не се приклучил Гвардиола биле собрани само 33.000 евра.
Во Шпанија ситуацијата е многу лоша бидејќи заразени се повеќе од 42.000 лица, а досега починале скоро 3.000.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНА ВИРУСОТ ВО СПОРТОТ – Мурињо го налутил градоначалникот:„Што ако ова го видат децата?“

Фотографиите на Жозе Мурињо и тројца играчи на Тотенхем кои тренираат во парк на оддалеченост …