(ВИДЕО) УБАВИ ВЕСТИ ОД ИТАЛИЈА: Баба (95) го победила корона вирусот и се вратила дома!

Од Италија пристигнуваат убави вести каде една баба, Алма Клара Корсини (95) го победила корона вирусот.
На Алма, од Модена, вирусот и бил дијагностициран на 5. март кога била примена во болница во Павул.

Како што се наведува госпоѓата во години се опоравила без „антивирусна терапија“.
„Добро сум. Добрите луѓе внимаваа на мене“, рекла.
Во меѓувреме е отпуштена од болница и сега е во домот за стари лица каде што престојува.

Минатата недела, маж на возраст од 95. години исто така се опоравил од коронавирусот и се вратил во својот дом во Кремона, во Ломбардија, после две недели болничко лекување.
Во американскиот Киркленд баба на возраст од 90. години успеала да го победи вирусот.

Да потсетиме, во Кина се забележани неколку случаи на успешно лекување на возрасни пациенти, а поединци имале околу 100. години.

Ekran.mk/Nypost.com

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес е спомен на Светиот свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски: Напишал многубројни поучни дела!

Според календарот на МПЦ, 18-ти јуни е ден посветен на Светиот свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски. …