(ВИДЕО) БОРБА – ГЛУМИЦАТА ЛИНДА ЛИСАРДИ НА РЕСПИРАТОР! Се разболела од корона вирус, нејзиниот сопруг е очаен!

Сопругот на глумицата Линда Лусарди вели дека таа е на респиратор и дека во борбата со корона вирусот и е „потребна сета помош која може да ја добие“.

Вчера, Сем Кејн ја опишал својата сопруга, 61-годишна актерка, модел и презентерка, дека е „пред вратата на смртта“, велејќи дека се бори со „сурова, грозна, невнимателна, безмилосна, темна болест“.
Ова попладне, тој ги известил загрижените фанови, откривајќи дека Линда не може да дише самостојно.

„Се плашам дека нема промена на подобро кај Линда денес. Таа е иста уште од синоќа. Сè уште е на кислород и сè уште е многу лошо. Редовно јаде и пие. Неа само и треба ниво на кислород за да го покрене својот организам пред да се случи следната голема промена“, рекол тој.
„Сè уште е далеку од добро и излегување од овој пекол. Испратете и ги вашите мисли, вашата љубов, вашите молитви и позитивност. На неа и е потребна целата помош што може да ја добие сега“, напишал Сем на Фејсбук.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Рики Мартин објавил ретки фотографии од петмесечниот син:„Бебе на куќата!“

Пејачот Рики Мартин и неговиот сопруг Жван Јосеф во октомври минатата година добиле уште едно …