ФФМ донираше три амбулантни возила за Клиниката „Св. Наум Охридски“

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, директорот на Клиниката за хируршки болести, д-р Љубен Арсенков, и економскиот директор на Клиниката за хируршки болести, Нермин Шакири, во „Куќата на фудбалот“ го потпишаа договорот за отстапување на три целосно опремени амбулантни возила марка Citroen Jumper кои ги набавува ФФМ за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“.

„Ова време сите нѐ потсетува колку се важни животот и здравјето на луѓето. Наша должност како социјално одговорна институција е да помогнеме со надеж дека ќе придонесеме во ублажување на последиците од оваа состојба. Во ова време, ФФМ, но и сите останати институции мора да покажат одговорност, единство и солидарност. Фудбалот е моќна сила во секое општество и едноставно мораме да го покажеме своето најдобро лице, лице на солидарност и толеранција. Нашата општествена одговорност досега многупати била потврдена и ги повикуваме сите останати институции и компании секоја во рамките на своите можности да помогнат онаму каде што сметаат дека има потреба. Исто така, повикуваме во секој момент да се следат препораките поддржувајќи ги здравствените институции во борбата против Коронавирусот. Бидете силни, заедно ќе победиме и на овој натпревар“, истакна претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНА ВИРУСОТ ВО СПОРТОТ – Мурињо го налутил градоначалникот:„Што ако ова го видат децата?“

Фотографиите на Жозе Мурињо и тројца играчи на Тотенхем кои тренираат во парк на оддалеченост …