(ФОТО) Вкусен ролат со банани и бадеми

Состојки:

Кора:
5 јајца
80 г шеќер
50 г брашно
20 г какао
1 кесичка прашок за печиво
Крем:
5 јајца
100 г шеќер
150 г бело чоколадо
1 кесичка ванилин шеќер
200 г путер
100 г мелени бадеми
2 лажици рум
1 кг банани
сок од лимон
Подготовка:кора: јајцата изматете ги пенесто со шеќерот, додајте го брашното со печивото и какаото и лесно измешајте.Подготвената смеса истурете ја во плех (40х30 см) покриен со хартија за печење. Ставете во рерна загреана на 180 степени и печете околу 20. минути. Испеченото тесто извадете го од рерната, плехот, и завиткајте во хартијата за печење или влажна крпа. Оставете да се излади.
Крем: јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер и варете на пареа, со постојано мешање. На крај додајте го искршеното чоколадо и мешајте додека чоколадото не се истопи.
Во изладениот крем додајте го пенесто изматениот путер, измешајте и додајте ги мелените бадеми и рум. Исчистете ги бананите и испрскајте со сок од лимон.
Бисквитот одвиткајте го, намачкајте со поголемиот дел од кремот и покрај една страна наредете ги бананите, а може и во два реда како во рецептот. Нанесете дел од кремот и внимателно завиткајте. Целиот ролат намачкајте го со дел од кремот и украсете по желба.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Омилена „грицкалка“ за оние кои постат: Солени галети со семки!

Одлична грицкалка со пиво додека гледате филм или правите нешто друго во изолација… Состојки: 200 …