КОРОНАВИРУСОТ ВО СПОРТОТ – ФОРМУЛА 1: Советникот на Ред Бул на најдобриот возач му предложил намерно да се зарази со коронавирус

Советникот на Ф1 екипата на Ред Бул, Хелмут Марко, на својот најдобар возач, Макс Ферстапен му дал, во најмала рака, необичен совет.
Тој зборувал за новата сезона, допирајќи ја пандемијата со корона вирусот и рекол дека „ова е идеално време Ферстапен да се зарази“.
Тој тврди дека Холанѓанинот е млад и дека не припаѓа на ризичните групи па лесно ќе се справи со вирусот, ќе стане имун и ќе си обезбеди мир во продолжување на натпреварувачката сезона.
„Наредниот ден разговарав со Макс и тој ми рече дека ужасно се плаши да не се зарази со корона вирусот. Мислам дека сега е најдобро време да се зарази. Има 22. години, не припаѓа на ризична група, така што после соочувањето со вирусот ќе биде имун и потполно фокусиран на напад на титулата“, рекол Хелмут Марко за австрискиот дневен весник Kronen Zeitung.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

КОРОНАВИРУСОТ ВО СПОРТОТ – Легендарниот борец има корона и е во тешка состојба, не бил вакциниран: „Ова не е шега“

ЛЕГЕНДАРНИОТ УФЦ борец Диего Санчез е во болница поради коронавирус и е во тешка состојба. …