(ФОТО) ПОТРЕСНИ ПРИЗОРИ:Родилки со бебињата во прегратка пред болницата во Загреб

Шокантни сцени доаѓаат од Загреб кој беше погоден од земјотрес, а меѓу бројните фотографии на оштетени згради и автомобили, посебно е потресна сцената на родилките и бебињата кои се евакуирани од болницата на улицата Петрова.
Евакуирани жени со новородените бебиња се стиснале на улицата пред болницата во страв од нов земјотрес, јавуваат хрватските медиуми. Слична е ситуацијата и со Клиничкиот центар во Загреб.
Земјотресот не ги истерал само родилките на улица, туку и други пациенти, пишува Ѕlobodna Dalmacija.


На родилките им биле поделени ќебиња, вода и сè што им треба. Бидејќи болницата во Петрова е затворена, оние жени кои се уште се бремени ќе се породат во некое од другите породилишта. Другите родилки кои се во критична состојба се испратени во Клиничката болница Дубрава.
Според извештаите од теренот, се очекува наскоро да биде поставен шатор пред болницата во Петрова, кој ќе функционира според упатствата за цивилна заштита.
Во оваа ситуација, надлежните хрватски власти ги повикуваат граѓаните да останат смирени и да се држат на оддалеченост едни од други, со оглед дека Хрватска се справува со кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус која од вчера е зголемена за 29 лица и сега изнесува 235 заболени лица. На граѓаните им е советувано и да одат подалеку од постарите згради во центарот на хрватската престолнина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ПАРТНЕРОТ ФЛЕРТУВА СО ВАШИТЕ ПРИЈАТЕЛКИ: Еве како да откриете дали се работи за МИКРО-ИЗМАМА

Иако сте во врска неколку месеци, сепак вашиот партнер се допишува со поранешната девојка на …