(ВИДЕО) ПОКРАЈ ПРАЗНИ РАФТОВИ – Серенада за недостаток на тоалетна хартија: Виолинистките оживеле култна сцена од „Титаник“

Веќе неколку недели сме бомбардирани со мрачни вести и не е изненадување што станавме желни за смеа и нешто за да нè развеселиме. Ова го сфатија и две виолинистки кои решија да оживеат една од култните сцени од „Титаник“, хит филмот од 1997. година.
Пандемијата на коронавирус ги запоседна нашите животи. Улиците се празни, не смеат да излегуваат стари лица, кој е во состојба работи од дома, нема училишта и големи собири, а во супермаркетите, секој пакет тоалетна хартија вреди како грутка злато.
Затоа, две виолинистки, ни помалку ни ништо повеќе, отсвиреле серенада за паничното купување тоалетна хартија во една самопослуга во Лос Ангелес (Унилад). Полиците покрај кои свират се очигледно празни, додека се ори последната мелодија од бродот што тоне “Nearer, My God, To Thee”(Поблизу, мојот Бог, до тебе).

Досетливото музичко дуо го чинат Бони вон Дујке и Емер Кинсела, кои облекле црни костуми и впечатливи портокалови елеци за спасување. На крајот на видеото, Вон Дујке дури ја изговора познатата реченица од филмот, „Господа,ми чест да свирам со вас вечерва“.
Нивниот настап е објавен и на Јутјуб под името O”de to RMS Toilet Paper – I’ll never let go”.
Во описот на видеото, Вон Дујке рекла дека многу музичари и хонорарни работници деновиве ги губат ангажманите затоа што концертите и изведбите се откажани, така што на овој начин, бидејќи и самата е слободна уметничка, таа сака да покаже што е нејзиниот занает за време на социјална дистанца.
Погледнете ја нивната хумористична снимка.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскопски парови кои во креветот имаат експлозија на страст

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …