Главниот санитарен инспектор на Русија, Онипченко: „Ова е единствен начин да се заштитите од корона вирусот – Во недостаток на соодветен лек, совет е да се лекувате со ова…

Генадиј Онишченко е службеник на руската влада. Тој е главен санитарен инспектор на Русија и го привлече вниманието на руските медиуми со изјавата дека не постои посебен лек за коронавирус, исто како што не постои лек за грип и други вирусни инфекции.
Вакцинацијата може да го подготви телото да се бори против вирусот, но тоа не е сè, според Онишченко. Секој производ што го зајакнува имунолошкиот систем може да се користи како заштита од COVID-19.


“Лукот штити од коронавирусот. Топлиот воздух е еден вид на стерилизација. И заштита. Сè што го стимулира имунолошкиот систем е соодветно”, објаснил тој.
Онишченко признал дека јадел 10. лути пиперки на ден за да го подобри неговиот имунитет.


Според него, ако веќе сте заразени со коронавирус, сè што можете да направите е да ги ублажите симптомите на болеста.
Според неодамнешните податоци, 199 случаи на инфекција со коронавирус биле регистрирани во Русија, 9 лица закрепнале и биле пуштени дома. Досега немало жртви во Руската Федерација. Лекарите предупредуваат дека вирусот сè уште не го достигнал својот максимум во оваа земја.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Омилена „грицкалка“ за оние кои постат: Солени галети со семки!

Одлична грицкалка со пиво додека гледате филм или правите нешто друго во изолација… Состојки: 200 …