Вирусот ја однел првата жртва од светот на џезот: Починал Марсело Пералта

Марсело бил професор по саксофон, импровизации и џез ансамбл во мадридското школо за креативна музика
Светот на џезот жали поради првата жртва на вирусот Ковид – 19, аргентинкиот саксофонист Марсело Пералта (59), кој на 11. март починал во болница во Мадрид.
За смртта на Марсело прв јавил неговиот пријател, земјак и музичар, Гилјермо Базола, а веста ја потврдил весникот „Буенос Аирес Перфил“. Пералта, познат по својот иновативен пристап на авангардата и музичките традиции на Јужна Америка, бил хоспитализиран поради грип, но потоа тестот на корона бил позитивен.
Марсело бил професор по саксофон, импровизации и џез ансамбл во мадридското школо за креативна музика.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Сара Џесика Паркер: „Поради короната станав продавачка!

Во интервју за новиот број на магазинот „Town & Country“, Сара Џесика Паркер зборувала за …