Македонскиот народен театар со специјална акција:„МНТ во вашите домови!“

Македонскиот народен театар, со оглед на состојбата со пандемијата со коронавирус, реши љубителите на театарот да не ги остави без претстави. Поради тоа тие од денес ја спроведуваат акцијата „МНТ во вашите домови“…

„Драга публико, бидејќи овие денови не можете да уживате во магијата на театарската игра, МНТ е секогаш тука за вас. Од утре со почеток од 20. часот стартуваме онлајн и во вашите домови, каде што бесплатно преку нашиот YouTube-канал можете да ги гледате претставите со следниот редослед: 18.3. „Сомнително лице“, 19.3. „Изгубени Германци“, 20.3. „Парите се отепувачка“, 23.3. „Да тргнеме Сењор“ и 24.3. „Мајсторот и Маргарита“.
Останете дома, очекувајте ги линковите за секоја претстава, почитувајте ги препораките, бидете со нас и гледајте нѐ онлајн“, најавија од МНТ.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во издание на „Македоника литера“ ОБЈАВЕНА КНИГАТА „ТИПОЛОГИЈА НА ПИСМОТО“ ОД ИГОР РАДЕВ

ОБЈАВЕН КНИГАТА „ТИПОЛОГИЈА НА ПИСМОТО“ ОД ИГОР РАДЕВ „Македоника литера“ деновиве ја објави научната студија …