(ВИДЕО) ЕМОТИВНО – СНИМКА ОД ШПАНИЈА ГО РАСПЛАКАЛА СВЕТОТ: Сите им аплаудирале на медицинските работници, а сега благодарноста е возвратена низ солзи!

Граѓаните на Шпанија излегоа на своите тераси и прозорци во текот на викендот во 22 часот и со аплауз ги поздравија сите медицински професионалци во нивната земја. Притоа, тие сакаа да изразија благодарност и поддршка за нивната напорна работа во борбата против епидемијата на коронавирус. Сега се појави видео на социјалните медиуми каде таа благодарност им се возвраќа.
Голем број луѓе излегле на своите прозорци и балкони да им аплаудираат на лекарите и се грижат за пациентите секој ден и работат за да ги излечат што е можно поскоро.
Снимките од Шпанија го обиколија светот, со пораки за поддршка од лекарите кои доаѓаат од целиот свет.

Овој гест длабоко ги погодил медицинските професионалци, а на социјалните мрежи се појави видео на жена, облечена во медицинска униформа, во која низ солзи изразила благодарност за поддршката.
Таа низ солзи вели дека сето тоа влијаело врз неа многу емотивно, и им благодари на сите. Таапосочува дека тие ќе продолжат да се борат за сите.
Не е познато дали на снимката е лекар или медицинска сестра.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Отец Оливер Петровски – Маж на годината за 2022 во избор на социјалните медиуми

Отец Оливер Петровски е Маж на годината во ибор на социјалните медиуми за 2022 година, …