(ВИДЕО+ФОТО) КОРОНАВИРУСОТ ВО СВЕТОТ: ВО Италија починале 368. лица за еден ден, Австрија воведува забрана на движење, Црна Гора и Хрватска ги затвораат границите

* Во светот се заразени 170.954 лица, додека 6.531 починале
* Бројот на излекувани од коронавирус изнесува 77.841
* Во Кина заразени се вкушно 80.860, починале 3.213, излекувани се 67.756
* Во Шпанија се заразени 8.000 лица, а таа после Италиај е втора најтешко погодена земја во Европа.

Црна Гора ги затвора границите за странци
Со цел да се заштити од коронавирусот, Црна Гора синоќа воведе нови привремени мерки, кои вклучуваат, но не се ограничени на тоа, затворање на границите за странците и задолжителна самоизолација за патници од странство.
На седницата на Националното координативно тело беше донесено одлука дека во Црна Гора од денеска ќе бидат затворени границите за странците, освен за оние што работат во Црна Гора, потребна е самоизолација, затворени се барови, кафулиња, игротеки, спортски сали и трговски центри.


Најцрн ден во Италија: За 24. часа починале 368. луѓе
Во текот на изминатите 24 часа, вкупно 3.590 луѓе се заразени со коронавирус во Италија, а 368 починале.
Тоа е најлошиот биланс од почетокот на епидемијата на коронавирус во Италија и кога станува збор за бројот на заразени и бројот на починатите, покажуваат податоците на италијанската агенција за цивилна заштита.
Досега се заразени вкупно 24.747 лица, од кои 1.809 умреле, а 2.335 се опоравиле.


Германија ги затвора своите граници кон некои земји
Вирусот предизвика Германија да ги затвори своите граници кон Австрија, Франција, Швајцарија и Германија утре наутро од осум часот, според германскиот весник „Билд“, наведувајќи дека мерката предвидуваат зголемени гранични контроли и враќање на странски државјани кои доаѓаат од овие соседни земји.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се чествува Светата маченичка Татјана: Девица на која Бог и дал сила да ги издржи маките!

Според календарот на МПЦ, кој се води по стар стил,25-ти е 12-ти јануари. Православните верници …