Колку долго коронавирусот може да живее на површините и како да се дезинфикуваат куќата и рацете?

Кога со влажни марамчиња бришете површини, треба да земете едно, да ја избришете најмалата можна површина, а потоа да ја фрлите. Измијте ги рацете со сапун и вода после бришењето.
Пребришете ги површините, еднаш до три пати на ден, е сè што треба да сторите за да се заштитите од вирусот.

Еве како правилно да ги дезинфицирате површините и да останете здрави
Сега, кога знаеме дека коронавирусот, исто така, може да се пренесе преку измет, мора да имаме во предвид како пуштаме вода во веце школката и како правилно да ја дезинфицираме.
Секогаш спуштајте го капакот на тоалетната школка кога пуштате вода, а потоа пуштете ја водата. Откако ќе го користите тоалетот, не заборавајте да го дезинфицирате со бришење со асепсол или алкохол.

Покрај тоа, нашите раце се најголемиот пренесувач на бактерии. Според некои истражувања, ние сме во состојба лицето да го допреме и до 23 пати на час. Затоа, внимателно измијте ги рацете и обидете се да ги промените навиките, т.е. да не го допирате лицето.
Треба да ги триете рацете со сапун најмалку 20. секунди и тоа е како да сте хирург што се подготвува за операција. Кога ќе ги истриете рацете, исплакнете ги под млаза млака или ако издржувате и топла вода.

Не заборавајте добро да ги исушите рацете, бидејќи вирусот може да остане на влажни раце. Дезинфекциските средства за рацете не се толку добра заштита како сапунот и водата. Повторно, ако не сте во можност да ги измиете рацете, земете средство за дезинфекција за рака и добро истријте ги и оставете ја кожата да се исуши.
Кога ги бришете рацете, користете хартиени крпи, а не памук. Фрлете ги хартиени крпи во корпа, што се затвора, веднаш по употреба.


Маските за лице не можат многу да ве заштитат. Ако веќе сте болни, тие можат да спречат вирусот да се шири понатаму.
Грижете се за себе и немојте да правите паника. Сепак, хигиената е половина здравје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Кејт Мидлтон: Комбинација со која војвотката погодила директно во центар!

За да ја одбележат Европската недела на ментално здравје, што ја подигнува свеста за нејзината …