Колку долго коронавирусот може да живее на површините и како да се дезинфикуваат куќата и рацете?

Кога станува збор за коронавирусот се чини дека добрата хигиена е најдобра линија на одбрана…

Доказите велат дека корона вирусот најмногу се шири со респираторни капки кои лебдат во воздухот кога заразено лице кива или кашла. Овие капки може да слетаат на вас, но тие исто така може да слетаат на површините околу вас и може да останат таму некое време.
Обичен вирус опстојува на површините до 48. часа, додека некои студии велат дека коронавирусот на собна температура може да преживее и’ до 9 дена.
Неодамнешните студии велат дека овој вирус може да се шири преку човечки измет, така што ако некое лице не ги мие рацете после голема нужда, може да ја зарази околината и со короната, покрај други вируси.


Можат ли влажните марамчиња ефикасно да ги исчистат површините и рацете од вирусот?
Веројатно сте слушнале дека е неопходно колку што е можно повеќе да се дезинфицираат површините за да се заштитите од овој вирус. Влажните марамчиња убиваат и до 99,9% од бактериите и исто така можат да го „отстранат“ коронавирусот од површините, но само доколку се користат правилно.
Повеќето луѓе погрешно користат влажни марамчиња, бидејќи ги бришат површините, ги бришат рацете и само ги „шират“ бактериите наоколу.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ТАЖНО И БОЛНО – Во Македонија денеска се регистрирани 1288 нови случаи на Ковид 19: Починаа 39. лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања, а регистрирани …