(ФОТО) ГЛУМЕЦОТ ТОМ ХЕНКС СО СЛИКА СЕ ЈАВИЛ ОД КАРАНТИН:Ева како изгледа откако коронав ирусот го нападнал неговото тело!

Том Хенкс на Инстаграм објавил фотографија од изолацијата каде се наоѓа откако му беше потврдено дека е заразен со корона вирус.
„Еј луѓе, Рита и сакам да им се заблагодариме на сите овде во Австралија кои се грижат за нас. Имаме Covid-19 и сме во изолација да не го прошируваме на некој друг. Постојат луѓе кај кои овој вирус би можел да доведе до многу сериозни болести. Одиме од ден на ден. Сите можеме да сториме нешто следејќи ги упатствата на експертите и да се грижиме за себе и едни за други, нели“, напишал актерот.
„Запомнете, и покрај тековните настани, во безбол нема плачење“, завршил Хенкс со цитат од филмот „A League of Their Own“, покрај фотографијата со сопругата.
Хенкс вчера на социјалните медиуми напиша дека тој и неговата сопруга биле тестирани за коронавирус во Австралија, каде што работи на филм, откако се чувствувале уморни и со блага треска.
“Се чувствувавме малку уморни, како да имаме настинка и болка. Да бидеме јасни, како што се препорачува во моментов, се тестиравме за коронавирус и утврдено е дека сме позитивни”, напишал актерот.

Хенкс е првата американска славна личност за која се знае дека е позитивна за коронавирусот, кој зарази над илјада луѓе во Соединетите држави.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ослободете се од проблемите со кожата со сода бикарбона – Доаѓа времето на комарците, а…

Сода бикарбоната има навистина чудесно дејство Иако сме навикнати да ја користиме во исхраната, таа …