УЕФА ги одложила реваншите на Лига шампиони и Лига на Европа

Во официјалното соопштение, УЕФА во петокот објави дека сите натпревари од европските натпреварувања кои биле на програмата следната недела се одложени.
Ова се однесува на реванш мечевите од осмото финале во Лигата на шампионите, закажани за 17. и 18. март, како и Лигата на Европа за 19. март.
Исто така се одложени и четвртфиналните дуели на УЕФА шампионатот за млади играчи.
Со самото тоа, нема да има ждрепка за четвртфиналето на Еврокуповите, што беше закажано за 20. март.
УЕФА во вторник ќе одржи видео конференција со претставници на сите 55. земји-членки, каде ќе биде одлучени за понатамошните чекори.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Пронајден исчезнатиот фудбалер: Англија жали за Џејмс Дин

Поранешниот фудбалер Џејмс Дин, чие тело беше пронајдено четири дена откако исчезна, беше „нежен џин“ …