(ФОТО) Се огласил играчот на Јувентус заразен со коронавирус: „Овој вирус не прави разлика – почитувајте ги правилата!“

Јувентус, синоќа во доцните часови објави дека нивниот фудбалер, Данијеле Ругани, е заразен со коронавирус.
Во Италија, која во Европа е најпогодена (има повеќе од 12. илјади заразени и 827. мртви), и која е во карантин, се прекианти спортските натпреварувања и сеуште не се знае како истите ќе се приведат до крај.
Ругани, 25. годишен стопер на италијанскиот првак, на крај се огласил на социјалните мрежи.
„Ги прочитавте вестите и поради тоа сакам да ги смирам сите кои се грижат за мене. Добро сум. Во овој момент, меѓутоа, чувствувам уште поголема должност да им заблагодарам на лекарите и медицинските сестри кои се борат во болниците и се соочуваат со оваа итна ситуација. Ги повикувам сите да се придржуваат до правилата, бидејќи овој вирус не прави разлика. Да го направиме тоа за себе, за своите најмили и сите луѓе околу нас“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Пандев и официјално влезе во „Клубот 100“ во Серија А: За 20 минути постигна 2 гола!

Горан Пандев, македонскиот репрезентативец за Џенова на натпреварот против Беневенто успеа да постигне гол со …