Поради пандемијата со коронавирус
„Според пишувањето на „Марка“, Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) денес и’ официјално ќе ги суспендира натпреварувањата во Лига на шампионите и Европската лига поради пандемијата со коронавирус која е присутна во Европа.
Доколку оваа информација се испостави за точна, прашање е дали елитните клупски натпреварувања ќе бидат продолжени.
📍 La UEFA también para: la Champions y la Europa League, suspendidas https://t.co/LUxmvUuD10 pic.twitter.com/EIlql3u3XY
— MARCA (@marca) March 12, 2020
„Денес би требало да бидат одиграни и првите средби на осминафиналето на Европската лига, но коронавирусот ќе предизвика суспензија“, наведува „Марка“, потсетувајќи дека наредната седмица би требало да бидат одиграни реваншите од осминафиналето на Лига на шампионите помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, Барселона и Наполи, Јувентус и Лион и Баерн и Челзи.