(ВИДЕО) ИРОНИЈА НА СУДБИНАТА: НБА ас се исмејувал со коронавирусот триејќи го микрофонот: Три дена подоцна се заразил!

Руди Гоберт, NBA All-Star е позитивен на коронавирусот.
НБА после тоа откритие, до кое дошло непосредно пред натпреварот помеѓу Оклахома и Јута, ја прекинала сезоната.
Натпреварот, пред да се открие дека Гоберт е заразен, исто така не бил одигран бидејќи се дознало дека двајца играчи на гостите кои се на списокот на повредените играчи – Руди Гоберт и Емануел Мадија, можеби имаат САРС – Ков-2, вирусот одговорен за пандемијата на коронавирусот. И двајцата биле одведени во болница на тестирање кое покажало дека Гоберт е позитивен.
Голема иронија на судбината е дека во понеделникот Гоберт, на прес конференцијата, им се смеел на мерките на внимание на својот клуб поради епидемијата на коронавирус и тоа така што ги истрил сите микрофони на новинарите како и диктофоните кои биле на масата пред него а потоа истрчал од просторијата.
Само три дена подоцна е потврдено дека има короноворус, со кој веројатно ги заразил и новинарите чија опрема ја триел смеејќи се на претпазливоста во врска со болеста која ширум светот убива илјадници луѓе.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Надал и Циска: Се’ скриле освен причината зошто немаат деца!

Рафаел Надал и Циска Перелјо внимателно ја криеја својата приватност, но во последните неколку години …