СЕ’ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА КОРОНАВИРУСОТ: Ова се 20. важни прашања и одговори за ВИРУСОТ ЗА ДА ГЛАСИНИТЕ НЕ ВЕ ДОВЕДАТ ВО ЗАБЛУДА!

Откриваме 21. најчесто поставувани прашања и одговори за вирусот корона. Секогаш кога имате некое сомневање, погледнете ги овие основни прашања во врска со вирусот корона кои се навистина се’ што ви треба да знаете за тоа.

1. Што се корона вируси?
Корона вирусите се големо семејство на вируси кои можат да предизвикаат болест и’ кај животните и’ кај луѓето. Ако едно лице се зарази со вирусот, може да развие симптоми кои се движат од блага, како обична настинка, до многу сериозни.

2.Што е воопшто новиот корона вирус COVID-19?
Носи нов назив бидејќи неправилно е да се нарече само корона вирус. Всушност, тоа е сосема нов вид на претходно позната група вируси, а потекнува од кинескиот град Вухан, каде за прв пат се појави во декември 2019 година.

3. Дали е исто како САРС?
Не. COVID-19 припаѓа на истото семејство на вируси кои предизвикуваат тежок акутен респираторен синдром (САРС), но не е ист.

4.Колку е опасен новиот вид корона вирус?
Како и сите други вируси, новиот Covid-19 може да предизвика благи симптоми како што се кашлица, болки во грлото и треска. Само одредени луѓе можат да имаат потешки симптоми како што е пневмонија или отежнато дишење. Ретко доведува до смрт.

5. Може ли да се пренесе од животно на човек?
Некои истражувања покажаа дека и SARS-CoV, исто така, бил пренесен од диви животни на луѓе во 2002 година, додека МЕРС, наводно, се префрлил од камили на луѓето во Саудиска Арабија во 2012. година. Голем број корона вируси веќе долго време постојат кај животни, но тие досега не биле пренесени на луѓето. Бидејќи системите за набљудување на болести се подобруваат на глобално ниво, повеќе корона вируси веројатно ќе бидат откриени во иднина. Што се однесува до новиот вирус Covid-19, точниот извор во светот на животните сè уште не е утврден. Ова не значи дека секое животно може да ви го пренесе, особено не вашето домашно милениче. Најверојатно изворот на вирусот „Covid-19“ е на кинескиот пазар на диви животни во Вухан.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Топ 10. намирници за хидратација во летните жештини

Првото нешто на што помислувате во топлите летни денови е чаша ладна вода. И не …