Иконата на грчката електронска сцена Никос Диамантопулос на журка во Скопје

Петоците веќе стануваат заштитен знак и гаранција за малку поинаква забава во првиот музички бар во нашата земја. За овој петок Intermezzo Music Bar го најавува гостувањето на иконата на електронската музика од соседна Грција, артистот чии хитови сè уште се вртат на најпопуларните подиуми и радиостаници ширум светот – Никос Диамантопулос.
Па така, во рамките на зимското издание на Intermezzo Music Rituals најжешкиот диџеј пулт во градот овој пат ќе биде обоен со звуците на хаус-музичкиот ветеран кој ѝ служи на музичката индустрија повеќе од 30 години. Никос во својата биографија има повеќе од 200 изданија, вклучувајќи четири албуми (LP) и соработува со најпознатите уметници, меѓу кои Little Louie Vega, Jask, Lustral, Hiroshi Watanabe, Roland Clark, Jamie Lewis… Неговата музика се појавува на врвните издавачки куќи како Armada Music, Defected, King Street, Purple Music, Vida Records.


Музиката на Никос Диамантопулос е опишана како сон исполнет со емоции, микс на многу култури, вклучувајќи џез, соул, афро-бит, фанк и етно музика. И да, гостувањето во Скопје не му е прво, тој беше дел и од летното издание на овој фестивал, односно настапи во рамки на Белата ноќ.
Intermеzzo Music Rituals не завршува тука, напротив гостувањето на Никос Диамантопулос е само почеток, нова пролет, нови страници… а на нив ќе се потпишат уште многу врвни диџеј имиња меѓу кои Христос Фуркис, Крис ИДХ, Валерон, Тебра…
Колку за потсетување дел од зимското фестивалско издание веќе беа Ланнка и Space Motion, српскиот диџеј и продуцент кој е активен на музичката сцена во последниве 16 години и кој секојдневно ги поместува границите за музичарите кои доаѓаат од Балканот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Бегство од Шошенк“ – после 27. години е оценет како најдобар филм на сите времиња

Пред 27 години филмот „Бегство од Шошенк“ за првпат беше прикажан во кината, а според …