(ВИДЕО) СЕРИА А – Оваа порака синоќа ја покажал играч среде натпревар: Потоа лигата е прекината!

САССУОЛО и Бреша вчера го одиграа натпреварот од 26. коло во Серија А, , при што домашните победија со 3-0. Херој на натпреварот беше Франческо Капуто кој постигна два гола и првиот го прослави на одличен начин.
Натпреварот се одигра без гледачи заради епидемијата на коронавирус што ја парализира Италија. Италија е европска земја која е најтешко погодена од коронавирус со повеќе од 7.000 потврдени случаи на инфекција и повеќе од 400. смртни случаи.
Капуто после првиот гол зема парче хартија со проака и се сврте кон камерата.
„Сè ќе биде добро. Останете во куќите“, пишувало во пораката која Капуто ја покажа на тв камерите во обид да ја смири паниката што владее во Италија околу коронавирусот.
Вчера, по натпреварот, италијанската влада донесе одлука да ги прекине сите спортски натпревари до 3 април, вклучително и Серија А.
Во Италија, бројот на со вирусот заразените брзо се зголеми, а владата прогласи црвена зона низ целата земја. Инфицирани се скоро 9.000 луѓе, а досега починале 463. лица. Италија забележа најголем број смртни случаи од вирусот „Covid-19“ од сите други земји надвор од Кина, каде што избувнувањето започна во декември.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

Супер лигата останала без половина клубови: „Подготвуваме нов модел на натпреварување, одиме понатаму!“

Шесте преостанати клуба од фудбалската Супер лига во текот на ноќта соопштиле дека ќе продолжат …