(ВИДЕО) Интервју Fiction: Андерфест е одлична можност за артистите да ја претстават својата музика

Fiction е рок бенд од Скопје е составен од Петар Ѓуревски – вокал, Виктор Захариев – гитара, Филип Андонов – гитара и Теодор Теодосиевски – тапани. Бендот постои веќе четири години и често настапува по скопските локали со кавер и авторски песни. Имаат издадено три синглови, а во подготовка е и нивниот албум.

Оваа година ќе ги видиме на претстојниот музички фестивал АНДЕРФЕСТ кој ќе се одржи на 3 и 4 април во Public Rooom, Скопје.

  • Kако се запознавте и како дојдовте до идејата да формирате бенд?

Среќа е што многу добро се познававме уште пред да го формираме бендот. Се движевме во исти кругови и слушавме слична музика па така спонтано почнавме и да се дружиме. Бендот официјално го формиравме во јуни 2016та година. Не ни требаше многу време за да сфатиме дека имаме незамислива хемија кога свириме заедно па така почнавме и да создаваме авторска музика.

  • Кои бендови и изведувачи ве инспирираат?

Црпиме инспирација од многу музички жанрови, рок, блуз, соул, џез па дури и хеви метал. Би ги издвоиле Битлси, како музичка институција која константно не учи да бидеме подобри изведувачи. Бендовите како Led Zeppelin, Fleetwod Mac, Whitesnake, Pearl Jam, Alice in Chains и многу, многу други исто така имаат огромно влијание врз нас.

  • Какви материјали имате снимено до сега?К

До сега имаме издадено 3 авторски песни; После Дождот, Некој Друг, и Техно. Останатиот материјал кој моментално го снимаме ќе се најде на нашиот прв албум.

  • Како ја оценувате алтернативната сцена во Македонија

Интересно е тоа што во Македонија алтернативната сцена е многу посилна од онаа “Мејнстрим” сцена. Постојат одлични бендови и изведувачи кои многу сериозно и посветено работат на својата музика. Сепак, од друга страна ја имаме публиката, посебно младата публика, која еден период како да застрани, меѓутоа во последно време се повеќе и повеќе се јавува интерес за алтернативната музика, што не прави многу среќни.

  • Во април оваа година ќе настапувате на фестивалот АНДЕРФЕСТ, како дојде до тоа и што мислите за овој тип на фестивал кој е целосно посветен на изведувачи од Македонија?

Андерфест е одлична можност за артистите да ја претстават својата музика и пред публиката за која до сега биле непознати. Секогаш сакаме да ја искористиме шансата кога се работи за вакви фестивали, бидејќи и не постојат многу настани каде што млад бенд може да ја претстави својата музика пред поголема публика.

  • Какви се вашите идни планови?

Моментално интензивно работиме на нашиот прв албум, снимањата се во тек и сигурни сме дека имаме одличен продукт, а веќе имаме и песни за втор албум. Во иднина планираме свирки и концерти низ градовите во Македонија, па и надвор од неа.

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.


Видете следно

(ФОТО) КОГА ПРВАТА ДАМА ЌЕ НАПРАВИ КОЛАЧИ: Џил Бајден им однела послужување на членовите на Националната гарда во Капитол

Новата прва дама на САД, Џил Бајден, ненајавено го посети Капитол и однела корпи со …