На какво време да се надеваме денес и утре?!

Можеби не видовме снег, но дождот повторно ќе биде дел од нашето секојдневие…
Денес (среда) се очекува облачно и врнежливо време во добар дел од државата, локално со пообилни врнежи од дожд, постојат шанси и за нестабилност со грмежи и врнежи од пороен карактер и засилен ветер.
Вечерва, ноќта пред нас и дел од утрешниот ден очекувајте и повремено засилен ветер кој може да има удари од над 80 км/ч. Температурите ќе бидат релативно малку повисоки, од вообичаените како за овој дел од годината.


Од сега гледано четврток делува како постабилен ден со подолги сончеви периоди, но не за долго. Од петок или сабота во исчекување сме на нова промена, што ни ја носи новата СРЕДОЗЕМНА ЦИКЛОНСКА АКТИВНОСТ и ќе ни донесе нова дополнителна серија на влажни воздушни бранови. Се’ на се пред нас е доста променливо и локално нестабилно време, но секако нема да фалат и сончевите периоди. Нови детали секако наскоро, следете не!

Подготви: Денис Муќовиќ


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се чествува Преподобната маченичка Параскева: Вршеше големи чуда со силата Божја и брзо се опоравуваше од маките!

Родена е во Рим од родители христијани. Од детството научена на верата во Христа. Најусрдно …