МРТ во недела ќе ја претстави евровизиската песна: Васил со „You“ во Дневникот ќе им го честита 8. март на жените!

Во недела (8 март) ќе има промоција  на евровизиската песна „YOU“, со која што Васил Гарванлиев ќе настапи на 65-тото издание на Евровизија во Ротердам.
Како што е веќе познато, автор на музиката на песната е Невена Нешкоска, македонска композиторка и продуцентка која работи и живее во Чикаго. Невена е автор и на текстот на песната, којшто го создаде заедно со нејзината сестра Калина Нешкоска и колешката од Беркли, Алис Шредер. За продукцијата и аранжманот на песната освен Невена Нешкоска се погрижија и Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.


Видео записот за песната го режираше Милена Витман, а за фотографијата и за монтажата се погрижи Ѓорѓи Вацев. Продуцент на спотот е Јелмаз Дервиши.
Според договорот на МТВ и ЕБУ, официјалната промоција на песната за македонската јавност ќе се случи истиот ден, 8-ми март во Дневникот 2 на МТВ, по што песната со видео спот ќе биде објавена и на официјалниот евровизиски јутуб канал во точно 20:00 часот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Здрава и фит жена споделува четири симптоми на рак на тироидната жлезда кои ги игнорирала

На КРИСТИНА Мекнајт, која сега има 35. години, и бил дијагностициран рак на тироидната жлезда …