По информациите дека попуалрната актерка Силвија Јовановска е уапсена поради аферата со кокаинот со меѓународни размери, некако се’ стивна и немаше информации што и како се случува.
Но, тоа е и разбирливо бидејќи станува збор за меѓународна акција па информациите се споделуваат „на капки“, но…
Актерката Јана Стојановска во естрадниот магазин „Бекстејџ“ првпат во јавноста зборуваше за апсењето на мајка си Силвија Стојановска, и истакна дека верува во невиноста на својот родител.
Убавата Јана, која неодамна стана мајка и живее во Букурешт, потенцира дека им е лута на дел од медиумите кои веднаш ја осудија Силвија, и кажа дека нејзината мајка во моментов се чувствува добро, иако е во домашен притвор, и го чува внукот.