(ВИДЕО) КОНЕЧНО СИГУРНА – Малечката Сиријка која им се смееше на бомбите спас пронашла во Турција

Тригодишното девојче кое стана виртуелно познато бидејќи со татко и играа игра во која таа им се смееше на бомбите спас и мир пронашло во Турција.
Девојчето Салва се појави на насловните страници на бројни медиуми, минатиот месец, кога нејзиното видео стана вирално. На видеото се гледа како девојчето се забавува со нејзиниот татко и се смее додека близу нејзиниот дом во Идлиб паѓаат бомби.
Турската влада им помогна на девојчето и нејзините родители да ја преминат границата и да најдат прибежиште во Турција. Идлиб е последното големо упориште на бунтовниците во Сирија.
Речиси еден милион луѓе ја минале сириско-турската граница од декември, барајќи спасување поради жестоките борби во околината на Идлиб меѓу бунтовниците поддржани од Туск и сириските владини сили.


Салва и нејзиниот татко Абдула Мохамед најдоа начин да се справат со воздушните напади. Ја научи да се смее на звукот на бомби, за да не се исплаши. Тој ги користел звуците на пиротехника што ги користеле децата за да и покаже дека експлозиите може да бидат забавни.
Оваа игра и помогнало на девојчето да остане мирна и среќна. Покрај тоа, видеото го привлече вниманието на владата во Турција, која им помогна да дојдат на сигурно.
Тие пристигнале во Турција на 25. февруари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дали се држите за раце или не? Дали шетате прегрнати? Што може да открие ОДЕЊЕТО ПО УЛИЦА за вашата ВРСКА!

Има ли нешто поромантично од есенска прошетка со саканата личност? Зборувајќи за тоа, дали имате …