(ВИДЕО) Домашно чоколадо полно со ореви, сусам и мед!

Ако сакате чоколадо направете го сами. Енергетските чоколатца убаво ќе ви дојдат и како ужина…
Потребно е:
4 лажици мед
100 г путер
100 г млечно чоколадо
50 г сечкани ореви
100 г бисквити
100 г сусам
2 лажици шеќер во прав
Подготовка: во тиган малку испечете го сусамот да добие убава боја. Медот истопете го и додајте го путерот исечен на ливчиња, чоколадото и се’ заедно истопете.
Во сусамот додајте ја смесата со чоколадо, сечканите ореви и мелените бисквити, шеќер во прав и се’ добро изедначете.
Тесен долг калап обложете со прозирна фолија и распоредете ја смесата, малку притиснете. Оставете неколку часови добро да се стегне.
Потоа сечете парчиња и уживајте во фантастичниот вкус…

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тивок убиец на бракот – посмртоносен од пари и секс

На прашањето зошто браковите пропаѓаат, повеќето би одговориле дека причината е лошиот сексуален живот, финансиската …