(ФОТО) НЕ САКАЛА ПОВЕЌЕ ДА ГЛУМИ: Крај на бракот на Кетрин Зита Џонс и Мајкл Даглас!?

Кетрин Зита Џонс го „исфрлила“ Мајкл Даглас од станот, само три недели по смртта на неговиот татко, Кирк. Барем така тврдат американските таблоиди.
Познатиот Кирк Даглас почина на 103. години на почетокот на февруари, а Зита Џонс му рекла на својот сопруг дека меѓу нив готово, скоро веднаш по погребот.

„Кетрин е јадна со години, но таа го чуваше семејството заедно заради децата и за Кирк“, изјавил непознат инсајдер пред американските новинари.
„Кирк замина, децата се пораснати, така што нема смисла повеќе да се преправаат“, рекол изворот, додавајќи:
„Таа остана толку долго затоа што не сакаше да го остави Кирк. Тој беше со големина и го држеше семејството“.

Зита-Џонс, наводно, го негувала Кирк, додека Даглас се фокусирал на неговата кариера.
„Сега таа сака да се посвети на себе и да се оддалечи од Мајкл и неговите глупости. Нема друг маж“, рекол изворот.
Наводно, Мајкл е очаен да ја задржи својата сопруга.

Други извори блиски на актерот тврдат дека приказната за брачниот распад е фабрикувана.

View this post on Instagram

My forever Valentine ♥️ #HappyValentinesDay

A post shared by Catherine Zeta-Jones (@catherinezetajones) on

Тоа пак може да се забележи и од профилот на Зита на Инстаграм каде нон стоп објавува фотографии со сопругот..
Но, кога станува збор за Холивуд, времето е најдобар извор на информации.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Славната тенисерка родила девојче и открила кое популарно име и го дала

Каролина Возниацки стана мајка. Поранешната данска тенисерка со нејзиниот сопруг и поранешна НБА sвезда Дејвид …