Дали би пробале: Италијански слаткар нуди колач во обликот на коронавирус!

Тој сепак верува дека на тоа ќе дојде крај…
Додека прехранбените и другите артикли за домашни потреби со голема брзина исченуваат од италијанските супермаркети, излогот на славната слаткарница, „Манѓини“, со долга традиција во центарот на Ѓенова, го краси нов десерт во облик на корона вирус.
Станува збор за колач направен од нежно тесто, со чоколаден крем со арома од цвет на портокал, а во излогот каде е изложен е истакнато дека „коронавирус“ и кафе чинат евро и пол, пренесува локалниот весник „La Voče di Đenova”.
Иако дел од жителите на градот сметаат дека станува збор за невкусна провокација, сопственикот на слаткарницата, Ѓакомо Росињоти, смета дека „треба и да се пошегуваме среде новонастаниот феномен, кој повеќето луѓе ги води во параноја“. Тој смета дека на овој начин е можно луѓето да се поттикнат на целиот проблем да гледаат позитивно.
Додава дека не случајно во кремот од чоколадо додал арома од цвет на протокал кој симболизира – надеж. Вели и дека се надева оти наскоро луѓето ќе се вратат на вообичаените активности и секојдневие.
Росињоти додава дека во центарот на Ѓенова последните денови има помалку купувачи, а изостанува и вечерната навика на жителите на италијанските градови, да испијат аперитив пред одење на вечера.
Тој сепак верува дека на тоа ќе дојде крај. На своите клиенти и туристите им препорачува среде епидемијата со коронавирус во неговата слаткарница да изедат еден сладок „корона вирус“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Дневен хороскоп за вторник, 15.06.2021: Подобро е да се справите со сопствените дилеми, отколку да се мешате во туѓите планови. Останете настрана, се знае чие место каде е…

Овен Љубов: Вашето незадоволство е минлива фаза. Ситните префрлувања и „емотивните убоди“ само го влошуваат …