(ВИДЕО+ФОТО) Марк Волберг открил како истопил 5. килограми за 7. дена

Физичкиот изглед е многу важен за актерите, а некои за улога практикуваат екстремни диети и за само неколку дена губат телесната тежина. Актерот Марк Волберг се пофалил дека изгубил 4,5 килограми за само пет дена.


Волберг, кој претрпел неколку трансформации во разговорот Entertainment Tonight, открил дека за некои улоги се очекувало да биде со совршено вајано тело, така што тој не можел да јаде и да пие како што ќе посакал. Добивањето тело за улогата, додава тој, не е така лесно а сега морал да ослабне за улогата во филмот „Spencer Confidential”, поради што е на строга диета.

„Го снимавме филмот ’Lone Survivor’веднаш после ‘2 Guns’, а пред тоа го снимав ‘Pain and Gain’, па бев многу тежок и некако надуен пред да започнеме со снимањето на’Lone Survivor’. После тоа го работевме ‘Deepwater Horizon’, каде што морав да бидам тежок колку што мошев да пиев пиво и јадев пржена храна бидејќи требаше да осликам лик кој работи на платформа за нафта. После тоа следеше филмот ‘Patriots Day’, во кој глумам полицаец кој повеќе не е во форма“, објаснил актерот зошто си дозволил да му се собере вишок килограми, некое време.

View this post on Instagram

@dr_oz see you soon! 💪🏼💪🏼💪🏼

A post shared by Mark Wahlberg (@markwahlberg) on

Поради својата нова улога, морал да внимавал што јаде и пие и тренирал, како што вели, како луд неколку месеци за да се подготви за филмот „Spenser Confidential“, што му овозможило за помалку од една недела да го истопи вишокот.

„Изгубив пет проценти од телесните масти. Јадев супа и зеленчук и малку протеини навечер. И тоа беше се“, рекол актерот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Белгискиот нобеловец категорично тврди: Кога вака постите, телото може да се избори со рак и деменција!

На вас е што јадете и кога јадете, но научните истражувања велат дека е подобро …