КЕЈТ МИДЛТОН ПОВТОРНО БРЕМЕНА: Чекала близнаци – еве од што се плаши принцот Вилијам!

Велика Британија е на нозе поради гласините дека Кејт Мидлтон е повторно во благословена состојба, според британските таблоиди.
Кејт Мидлтон, наводно, е бремена по четврти пат и носи близнаци, според таблоидот Globe. Сепак, како што пишуваат, принцот Вилијам е многу загрижен дека војвотката од Кембриџ има проблеми со трудничката хиперемиза. Станува збор за постојани, тешки повраќања предизвикана од бременост кои предизвикуваат дехидрација, често со нарушување на електролити, кетоза и губење на тежината.
Кејт, наводно, се соочила со овој проблем и во претходните три бремености.


“Кога дознаа дека е бремена, тие веднаш и рекоа на кралицата, односно таа беше единствената на која и беше кажано. Откако виделе две отчукувања на срцето на ултразвук, Вилијам премрел од страв. Кејт имала повеќе проблеми со бременоста отколку што медиумите откривале. Притисокот и бил многу висок и станал опасен неколку недели пред раѓањето. И било наредено да лежи во кревет и да не се движи за да ги спаси животите на своите деца”, изјавил извор близок до кралското семејство.


Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, да потсетиме,ги имаат ќерката Шарлот (4) и синови Џорџ (6) и Луис (1).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Жена споделила рецепт против надуеност: Вели дека го сузбива апетитот и веднаш делува

Тиктокерката Happy&Healthy Olivia решила да проба вирален рецепт кој наводно ја намалува надуеноста и го …