(ВИДЕО+ФОТО) Машките панталони со вентили стануваат зафрканција:„Аладин би сакал да му ја вратите облеката!“

Машките панталони кои дизајнерот Харикрисхан ги претставил на лондонската модна недела, на социјалните мрежи станале предмет на исмејување.
Панталоните од латекс доаѓаат со вентил во секоја ногавица така што се полнат со воздух, а надуени многумина потсетиле на Аладин, но и на некои други ликови од цртаните и стриповите…

Дизајнерот за британските медиуми објаснил дека идејата ја добил додека си играл со своето куче.
„Помислив колку огромни изгледаат работите од така ниска перспектива. Мислата дека тој ме гледа како џин или воопшто не ја гледа мојата глава ме заинтригира. Одлучив да си поиграм со искривувањето“, рекол.
Додава и дека панталоните се „оддалечени од стереотипните, однапред одредени поими за човечката перспектива“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Призор од Солун кој ја враќа надежта за враќање во нормала

Животот во Грција се врати во нормала, покажуваат снимки од ноќниот живот на Солун. Уличниот …