Надал го освои Акапулко, запиша нов рекорд и не му дозволи на Ѓоковиќ многу да се одалечи на АТП листата!

На Шпанецот ова му е 85. титула во кариерата, а тој на овој турнир не загуби ниту еден сет. Со оваа победа освои 455. поени.
Рафаел Надал е шампион на Акапулко. Вториот тенисер на светот го освои турнирот во Мексико кога во финалето го совлада Американецот Тејлор Фриц со 6:3, 6:2 и со овој пехар го спречи Новак Ѓоковиќ да се осами на врвот на АТП листата.
Надал со овој триумф собори нов рекорд во Акапулко. Не само што го освои по трет пат, туку станал и негов најстар победник. А, интересно е дека во 2005. година, кога порвпат го освоил, бил најмлад победник на турнирот.
На Шпанецот ова му е 85. титула во кариерата, а тој на овој турнир не загуби ниту еден сет. Со оваа победа тој зема 455. поени и 372.785. долари.
Разликата помеѓу Ѓоковиќ и Надал е зголемена за 45. поени, после освојувањето на Дубаи од страна на Ѓоковиќ и на Рафа на турнирот во Акапулко. Сега им следи борба на турнирите во Индијан Велс и Мајами.
Во Индијан Велс, Ѓоковиќ брани само 90., а во мМјами – 45. поени, додека Надал и на двата турнири брани по 360. поени, односно полуфина

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЛУДИЛО НА ПОСЛЕДЕНОТО КОЛО – Денеска исходот во групите А и Б, Англија и Холандија може да останат без осминафиналето на Мундијалот

Со денешните натпревари во групите А и Б започнува лудилото од последното коло на Светското …