(ВИДЕО) Девојче починало од грип: Лошата дијагноза на лекарите ја чинела живот!

Според статистиката објавена од „Форбс“, оваа сезона од грип починале од 14.000 до 36.000 лица.
За среќа, вакцината оваа година се чини дека е подобра од минатата година.
Во февруари 2020. година, Шенон Сандвик рекла дека нејзината,инаку енергичната 8-годишна Кинсли, престанала да биде ведра и весела откако и бил дијагностициран грип.
Откако го земала лекот што лекарите и го препишале, таа почнала да се чувствува многу подобро. Но, тоа не траело долго.
Едно утро се разбудила во солзи. Имала главоболки и болки во градите а и се вратила и температурата. Мајка и веднаш ја однела на брза помош, каде веднаш ја прегледале и рекле дека виделе нешто над нејзините бели дробови – но тоа се совпаднало со дијагнозата на грип. Лекарите ја испратиле дома, а тогаш започнал и кошмарот.
На денот на вљубените, само една недела откако започнале нејзините симптоми на грип, Кинсли починала.
Сега нејзината мајка споделува важна порака на сите родители – секогаш слушајте ги вашите инстинкти.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Славната тенисерка родила девојче и открила кое популарно име и го дала

Каролина Возниацки стана мајка. Поранешната данска тенисерка со нејзиниот сопруг и поранешна НБА sвезда Дејвид …